Најмалку 16 рудари загинаа во рудник за јаглен во Кина

Најмалку шестнаесет рудари го загубија животот, а 11 се повредени, откако беа затрупани во рудник за камен јаглен во Кина.

Сите настрадани се префрлени во  болница, а полицијата ги истражува причините за трагедијата.

Кинеските рудници се меѓу најопасните во светот, и покрај тоа што во последните неколку години беа подобрени мерките за безбедност, што доведе до намалување на смртните случаи, забележуваат американските медиуми.