Најмалку 16 кица загинаа денеска при експлозија на гасовод во јужната индиска сојузна држава Андра Прадеш.
Членот на Владата на Андра Прадеш, Чин Раџапа инфромира дека по експлозијата избувнал голем пожар во кој се уништени „голем број куќи“.
За гаснење на пожарот на противпожарните екипи им биле потребни околу три часа.
Експлозијата и пожарот предизвикале револт кај локалните жители, кои упаднале во зградата на блиската рафинерија и ја демолирале.
Причините за експлозијата на гасоводот, сопственост на компанијата ГАИЛ, засега не се соопштени.