Најмалку 18 мртви во пожар во хотел во Кина

Во пожар кој избувнал во саботата утрото во хотел во кина најмалку 18 лица загинале, објави агенцијата Xinhua.

Огнот се проширил во текот на ноќта во внатрешноста на хотел во градот Харбин, административен центар на покраината Хејлонгџјанг на североистокот од земјата, се наведува во агенцискиот извештај.

„Во 4,50 часот (по средноевропско време) веќе е потврдена смртта на 18 лица. Операцијата продолжува“, соопштила противпожарната служба.

Агенцијата истакнува дека во тек е истрага за причините за избувнувњето на пожарот.