Најмалку 18 полицајци убиени во заседа во западен Авганистан

Талибаните од заседа во западната авганистанска покраина Фарах убиле 18 припадници на безбедносните сили, а во овој напад биле убиени и повеќе од 40 талибански бунтовници, соопштија локалните власти во саботата.

Според прецизираните податоци, осум припадници на авганистанските специјални сили и десет полицајци се убиени откако паднале во талибанска заседа во округот Бала Булук во покраината Фарах во петокот ноќта, изјавил за новинарите челникот на покраинскиот совет Ахмад Бахтавар. Додал дека во нападот биле убиени и околу 40 талибански милитанти.

Бахтавар додаде дека по оваа заседа загинало и цело семејство откако нивната куќа била погодена од бомба фрлена од странски авиони кои дејствувале како воздушна поддршка за авганистанските сили.

Талибаните ја преземаа одговорноста за нападот, но во нивното соопштение до медиумите истакнуваат дека се убиени 53 „командоси платеници“ и приложиле фотографии од запленетото формациско оружје.

Портпаролот на авганистанските безбедносни сили го потврдил нападот но не сакал да го каже бројот на жртвите.

Нападот се случи само ден откако талибаните убија 17 припадници на авганистанските безбедносни сили во симултани напади на низа контролни пунктови во северната покраина Тахар.