Најмалку 18 лица се повредени од силниот земјотрес кој што го зафати јапонскиот остров Кјуш, јавуваат тамошните медиуми.
Потресот, кој што бил со интензитет од 6,3 степени, не причинил позначителна материјална штета, но од утрово се бележи задоцнување во железничкиот сообраќај во северозападниот дел на Јапонија.
Епицентаот на земјотесот бил 13 километри северно од градот Кунисаки- ши, на длабочина од 82 километри, покажуваат податоците на Американскиот геолошки институт.
Предупредување од цунами во Пацификот не е издадено.