Најмалку 18 загинати при воздушен напад во Сирија

Најмалку 18 загинати, меѓу кои четири деца загинаа во воздушен напад во северозападната сириска провинција Идлиб, тврди Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Според невладината органзиација, нападот е изведен од руски авиони кои дејствуваат како поддршка на сириската Влада. Провинцијата Идлиб е под контрола на алијанса составена од бунтовнички групи и често е мета на напади како на сириските сили, така и на нивните руските сојузници.
Во текот на неделата во Идлиб беше изведен напад со хемиско оружје при што загинаа најмалку 87 луѓе.