Најмалку 18 жртви во експлозија на погреб во Кабул (ВИДЕО)

Три експлозии одекнале во саботата во авганистанската престолнина Кабул на погребот на маж кој ден претходно загинал во текот на жестоките протестите во коишто се бараше оставка од владата, соопштија властите во саботата.

Според авгнистанската телевизија Tolo News, трите последователни експлозии одекнале на погребот на Мухамед Салим Езадијар, син на Мохамад Алам Езадијар, заменик претседател на горниот дом на авганистанскиот парламент во саботата попладнето по локално време.

На погребот бил и главниот авгананскиот извршен функционер Абдула Абдула, но од неговиот кабинет известиле за AFP дека политичарот минал неповреден.

Салим Езадијар е едена од четирите официјално потврдени жртви кои во петокот смртно настрадаа во судирот со авганистанските безбедносни сили и гневните демонстранти коишто бараа оставка од авганистанската влада по крвавиот напад во средата во Кабул во кој загинаа најмалку 90 луѓе, а стотици беа ранет. Тоа беше најтешкиот напад во главниот град на Авганистан од американската инвазија во 2001 година.