![cold-weather](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/cold-weather.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Најмалку деветнаесет луѓе ги загубиле животите последните два дена во инциденти предизвикани од силните снежи врнежи во авганистанската покраина Бадакшан во северниот дел од Авганистан, соопшти портпаролот на покраинскиот гувернер.
Од 19-те жртви, седумнаесет биле жртви на лавина, уривање на покриви од објекти под тежината на снегот и во сообраќајни несреќи, рекол за Reuters Навид Фортан, портпаролот на гувернерот на покраината Бадакшан.
Според него, властите се обидуваат да воспостават врски со дванаесетте региони во покраините, коишто поради обилните снежни врнежи се отсечени од остатокот на светот.
Поради невремето отежнато е движењето по неколку главни магистрални правци во Авганистан, особено на патот кој ги поврзува Кабул и Кандахар. Таму во снегот се заробени околу 250 возила и автобуси, а за нивно извлекување се упатени полицијата и војската.