Најмалку 20 мртви во напад на потпреседателски кандидат во Кабул

Дваесет луѓе, меѓу кои и четворица полицајци, се убиени во нападот врз канцелариите на политичка партија во Кабул во неделата, ден пред почетокот на предизборната кампања за претседателските избори, потврди министерството за внатрешни работи на Авганистан.

Уште педесет лица, вклучително и седум полицајци, се повредени во нападот врз канцелариите на партијата Басеџ-е-Мили. Соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи рано утрото во понеделникот. Нападот изведен со автомобил бомба се случил околу 15,40 часот по средноевропско време. Тројцата напаѓачи влегле потоа во партиското седиште.

Челникот на Басеџ-е Мили (Национално движење) е Емрула Салех, потпретседателските кандидат на претседателот Ашраф Гани, на изборите кои ќе се одржат во септември. Салех го спасиле специјалците откако по почетокот на нападот бил евакуиран на сигурна локација, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими во неделата.

Вкупно околу 150 лица се евакуирани од областа на нападот, се наведува во соопштението објавено во понеделникот. Нападот тараел речиси шест часа, а завршил кога сите напаѓачи биле убиени.

Ниедна милитантна група, вклучително и талибаните, не ја презема одговорноста за нападот. Талибаните вообичаено ја преземаат или отфрлаат одговорноста за вакви напади, но во понеделникот воопшто не се огласија.

Станува збора за веќе петти напад во јули и вкупно петнаесетти во главниот град Кабул од почетокот на годинава, кој изминатитете повеќе од деценија и пол беше поштеден од големи напади. Речиси сто лица се убиени и 587 се ранети во овие напади.