Најмалку дваесет луѓе се убиени на североистокот од Мали во напад врз контролен пункт кој им се припишува на џихадистичките бунтовници, објави во понеделникот локалниот портал MaliJet.
Инцидентот се случил во близина на градот Талатеј во регионот Гао, во близина на границата со Нигер. Бунтовниците го искористиле неделниот саем и го нападнале контролниот пункт на Движењето за просперитет на Азавад (MSA), отворајќи оган кон група луѓе коишто се одморале во сенките на дрвјата. Меѓу загинатите има припадници на MSA и цивили.
Движењето MSA беше во 2016 година од поранешни припадници на Националното движење за ослободување на Азавад, национално ослободително движење на племињата Туарези во регионот.
Кризата во Мали се разгоре по соборувањето на режимот на Моамер ел-Гадафи во 2011 година во соседна Либија, кога на територијата на Мали се префрлија бегалците од племињата на Туарезите. Тие ги преплавија северните региони на земјата прогласувајќи независна држава Азавад. Подоцна Туарезите од контролираните територии беа потиснати од страна на исламистиките екстремисти.
Во 2016 година Советот за безбедност при ОН ја потврди неопходноста од распоредување во Мали на нова мировна мисија MINUSMA чијашто бројност изнесува 12.000 лица кои се ангажирани на стабилизацијата на клучните населени места, особено на северот од Мали, како и за враќање на државните власти на целата територија.