![333](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/333-1.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Бројот на загинати лица во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија се искачи на 21, јавија локалните медиуми.
Најмалку десет луѓе загинале во Акумолија, пет во Аматриче и шест во Пескара.
Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека властите се во контакт со локални официјални лица од погодените зони и оти им е испратена дополнителна помош.
– Моето место веќе не постои, единствено слушаме гласови од под урнатините, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Порици.