Најмалку 27 лица загинале во денешната автобуска несреќа во Египет. Според извештаите, рано утрово се судриле два автобуси.
Десетици други биле повредени, а меѓу нив има и руски државјани. Официјални лица изјавија дека телата се уште се извлекуваат, што укажува на тоа дека бројот на загинатите може да се зголеми.
Патиштата и железниците во Египет се познати како небезбедни, а Египќаните долго време се жалат дека досегашните влади не успеале да ги спроведат дури и основните заштитни мерки, што пак доведува до чести смртоносни несреќи.