Најмалку 28 жртви во судири меѓу христијански и муслимански милитантни групи

Во судирите меѓу муслиманите и христијаните во Централноафриканската Република загинаа најмалку 28 лица.

Судирите меѓу поранешните бунтовници од муслиманската коалиција „Селека“ и христијанската милитантна група „Анти-балака“ во градот Мала, на околу 300 километри северно од главниот град Банги, почнаа во четвртокот.

Последниве четири дена во судирите биле убиени најмалку 28 лица, 22 цивили и шест припадници на „Селека“.

Поранешната француска колонија, од крајот на 2012 година е зафатена од етничко насилство, кога борбата за власт прерасна во конфликт меѓу исламските и христијанските милитантни групи.