Најмалку 30 лица загинаа при терористичкиот напад во Кабул

Најмалку 30 луѓе се убиени при нападот врз административните згради во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу загинатите 26 се цивили и еден полицаец. Тројца напаѓачи се убиени во операција на авганистанските безбедносни сили, при што се ослободени и 260 луѓе, кои беа заложници на екстремистите.

Во нападот повредени се 17 лица, 16 цивили и еден полицаец.

Две од трите нападнати згради веќе се проверени од припадниците на авганистанските безбедносни сили, а се пребарува третата зграда од екстремисти за да се ослободат евентуални заложници.

Нападот почна со активирање на автомобил-бомба, а потоа екстремистите отворија оган и влегоа во административните згради земајќи заложници.

Засега се уште никој не презеде одговорност за нападот.

Тоа е 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што вкупно загинаа над 510 луѓе, а повредени се повеќе од илјада.