Најмалку 30 загинати во сообраќајка во Јужен Судан

Најмалку 30 загинаа денеска кога автобус кој возел на релација од Јужен Судан во Уганда удрил во камион, соопштија медицински извори, објави МИА.

Автобусот со камионот се судрил во раните утрински часови на главниот автопат, јужно од Уганда, на место  кое е оддалечено околу 25 километри од Јуба.

Полицијата соопшти дека станува збор за директен судар во моментот кога автобусот и камионот поминувале по еден мост на патот.

Поголемиот дел на загинатите се граѓани на Уганда, додека петнаесет лица се од Јужен Судан, соопштија болнички извори од јужносуданска болница во главниот град Јуба.