Најмалку 41 убиен Палестинец во протестите во Газа

Министерството за здравство во Газа објави дека израелската војска денеска убила 41, а ранила најмалку 500 Палестинци кои протестираат во Појасот Газа додека во Ерусалим се отвора амбасадата на САД.

Според бројот на жртви, денешниот ден е најкрвав од почетокот на војната во појасот Газа меѓу Израел и палестинското движење Хамас од 2014 година.

Израелската војска потрвди дека се убиени тројца Палестинци додека се обидвале да постават бомба на жицата меѓу Газа и Израел.

Израелската армија на 10.000 насилни демонстранти одговара со оган и со средства за растерување на толпа, дејствувајчи во согласност со оперативните процедури, стои во соопштението на војската.

Армијата двојно ги зголеми своите сили во страв дека демонстрантите би можеле да ја пробијат оградата на границата.

Протестите се очекува да се ескалираат утре на 70-годишнината од формирањето на израелската држава, додека од звучниците на џамиите во Газа се повикуваат Палестинците да се приклучат на т.н. „Големиот марш на враќањето”.
Изралеците, пак, со летоци ги повикуваат Палестинците да не му служат како оружје на Хамас и да не се приблиќуваат до граничната ограда.

Израелските сили убија околу 90 Палестинци откако започнаа протестите на 30 март, соопштија палестинските здравствени власти, а ниту една израелска жртва не беше пријавена.