Најмалку 41 лице загина во поплавите и одроните во Бразил, а околу 70.000 луѓе останаа без кров над главата, соопштиле властите денеска, јавува Асошиејтед прес.
Најтешко се погодени две држави на југоистокот на земјата.
Поројните дождови врнат веќе 10 дена и предизвикаа поплаи во кои во државата Минас Гераис настрадаа 18 луѓе, додека во државата Еспирито Санто загинаа 23 лица.
Војската е ангажирана за достава на храна и лекови до загрозените регионо. Во меѓувреме претседателката на Бразил, Дилма Русеф го прекина одморот за да ги посети погодените региони. Во придружба на министерот за здравство Александро Падиље, Русеф од авион ги набљудувала поплавените подрачја.