Зграда се урна во Јоханесбург при што животот го загубија најмалку пет лица, а осум други се повредени.
Претставничката на јужноафриканската служба за вонредни состојби Санти Штајнман изјави дека причините за несреќата засега не се познати.
– Не знаеме што би можело да го предизвика уривањето на зградата. При уривањето загина пет лица, истакна Штајнман.
Таа додаде дека загинатите и повредените „најверојатно се работници на градилиштето“.
Според неа, засега не е понзато ни дали под урнатините на зградата има затрупани градежни работници.