Најмалку 50 луѓе загинаа во серија напади во Сирија

Исламска држава презеде одговорност за нападот на бомбашот-самоубиец во североисточниот град Хасака, каде утрово загина едно лице, а повредени се 15 членови на курдските сили.

Нападот беше дел од серијата пет напади во кои загинаа најмалку 38 луѓе во градови кои се под контола на сирискиот претседател Башар ал Асад, меѓу кои и градовите Тартус и Хомс и село во близина на Дамаск и Хасака.

Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека бројот на загинати луѓе се искачи на 47.

Цели на нападите биле владини и воени објекти ширум Сирија.

Две истовремени експлозии се случија во областа Арзун Мост, подрачје на приодот кон северозападниот приморски град Тартус, каде има руска воена база. Според последните информации во нападите во Тартус загинале 30 луѓе.

Во градот Хомс експлодира автомобил-бомба, а по пристигнувањето на спасувачките екипи имало уште еден напад изведен од бомбаш-самоубиец.

Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека едната експлозија била насочена на воен контролен пунк во градот Камишли, при што загинаа двајца војници.