Египет повторно го тресат немири по повод одбележувањето на третата годишнина од револуцијата на 25 јануари, со која падна долгогодишниот диктатор Хосни Мубарак. Во крвавите судири најмалку 50 лица го загубија животот, а 247 се здобиле со повреди.
Само во Каиро и неговите предградија загинале 26 лица, каде илјадници исламисти се собраа по повод годишнината од востанието. Во североисточниот град Суец најмалку 18 лица беа ранети во атентат со автомобил бомба врз полициска станица.
Повеќето од протестите беа организирани од приврзаниците на претседател исламист Мохамед Морси, кој беше соборен од власт од страна на армијата во јули минатата година.