Најмалку 50 жртви од свински грип во Русија

Најмалку 50 лица го загубија животот од последиците на свински грип во Русија од минатиот месец. Ова го покажуваат проценките на француската агенција АФП врз основа на податоците на регионалните здравствени власти, пренесува „Танјуг“.

Здравствените власти во јужниот регион Ростов вчера за РИА Новости изјавија дека две лица подлегнале на вирусот со што бројот на починати од свински грип во тој регион се искачи на осум лица.

Во меѓувреме, влатите во Волгоград што се наоѓа во непосредна близина, сооопштиле дека 11 лица починале од свински грип во истиот регион.

Покрај тоа, од последиците на вирусот починало и едно дете и четири возрасни лица во Дагестан, како и двајца заразени пациенти во Екатиринбург, како и едно лице во јужниот регион Адигеја.

Покрај тоа, оваа недела и на Крим беше забележан и првиот смртен случај од последиците на свинскиот грип.

Жртви од вирусот H1N1 се забележан, меѓу останатите и во областите Брјанск, Белоград и Владимир.

Најмалку 50 жртви од свински грип во Русија
Најмалку 50 жртви од свински грип во Русија

Руската министерка за здравство Вероника Скороцова вчера изјави дека ситуацијата во земјата е „во целост под контрола“.

Во поранешната советска република Еременија се регистрирани 18 смртни случаи од последиците на свински грип од почетокот на годината. Властите од Грузија, пак, соопштија дека три лица починале од вирусот H1N1, додека иранските власти соопштија дека 112 лица починале, а повеќе од 1.000 се хоспитализирани од средината на ноември.

Откако епидемијата на вирусот од Мексико и САД се прошири во целиот свет, светската здравствена организација во 2009-тата година прогласи највисок степен на опасност од пандемија.

Околу 18. 500 лица оттогаш починаа од последиците на грипот во 214 земји, а највисокиот степен на опасност беше укинат во 2010-тата година.