Најмалку 6 лица загинаа, големи поплави САД

HOUSTON, TX - AUGUST 28: People walk down a flooded street as they evacuate their homes after the area was inundated with flooding from Hurricane Harvey on August 28, 2017 in Houston, Texas. Harvey, which made landfall north of Corpus Christi late Friday evening, is expected to dump upwards to 40 inches of rain in Texas over the next couple of days. (Photo by Joe Raedle/Getty Images)

Американските сојузни држави Арканзас, Луизијана, Илиноис и Оклахома се зафатени со поплави по обилните дождови кои траат повеќе од една недела.

Најмногу е погоден централниот дел на Соединетите американски држави, каде најмалку шест лица загинаа, голем број домаќинства се поплавени, а автопатиштата се претворени во езера.

Локалните власти во Оклахома предупредија дека повеќедеценискиот систем за насипи може да биде загрозен и доколку се повлече водата во текот на овој викенд.

Националната гарда организираше 24-часовни патроли на 32-километарскиот систем за насипи, кој штити околу 10.000 луѓе.

Поплавите во Арканзас затворија 12 државни автопати, а 400 домаќинства се согласија на доброволна евакуација, изјави гувернерот на Арканзас, Аса Хачинсон.

Повеќе од 300 торнада го зафатија Средниот запад на САД во последните две недели. Во понеделникот еден човек загина, а најмалку 130 беа повредени во неколку торнада во американските држави Охајо и Индијана.

Метеорологот на Националната метеоролошка служба Боб Оравец како добра вест најави дека ова подрачје неколку дена ќе биде без дождови.