Најмалку четири луѓе смртно настрадаа во четвртокот во Мајами, откако штотуку изградениот пешaчки мост се урна врз автопат со повеќе коловозни лентi и притоа здробил неколки возила, објави на прес-конференција началникот на локалната противпожарна единица Дејв Дауни.
„Девет луѓе се пренесени во болница“, изјави Дауни и додаде дека спасувачките екипи продолжиле да трагаат низ урнатините по можни преживеани во оваа несреќа.
Спасувачките екипи користеле кучиња трагачи за од згмечените возила да пронајдат преживеани луѓе во купот бетон и свиткан челик кои паднале врз автомобилите на еден од најфреквентните автопати на југот од американската сојузна држава Флорида.
Се уште не е позната причината за уривањето на штотуку довршениот пешачки мост. Гувернерот на Флорида, Рик Скот, изјави дека истрагата за несреќата ќе биде покрената истрага и против можните виновници ќе биде покрената судска постапка.
Висечкиот мост долг 53 метри, наречен „Инстант мост“, ги спојуваше Меѓународниот универзитет Флорида и градот Свитвотер. Довршен беше минатата сабота, но се’ уште не беше пуштен во сообраќај. Среќна околност е во несреќата е и тоа што студентите во овој период не биле во кампусот, бидејќи во тек се пролетните распусти.
Весникот Miami Herald објави дека изградбата на мостот чинела 14,2 милиони долари. Истиот весник цитира очевидци на овој трагичен наста, кои изјавиле дека мостот ненадејно одеднаш се урнал врз автомобилите кои биле запрени поради црвено светло на семафорот.
„Шокирани сме и тажно поради трагичниот развој на настаните на пешачкиот мост кој ги спојуваше Меѓународниот универзитет на Флорида и Свитвотер. Засега се уште учествуваме во спасувањето и собираме информации. Тесно соработуваме со властите и оние кои први дошле на местот на несреќата“, објави универзитетот преки Twitter.