Најмалку петмина убиени во новинарска редакција во Мериленд

Најмалку петмина се убиени, а 20 се ранети  во напад во новинарска редакција во Анаполис, во Мериленд, САД. Напаѓачот упаднал во редакцијата на „Капитал газет“ и според локалниот шериф, Рон Бејтмен, тој е уапсен.

Ентони Месинџер, еден од вработените во „Капитал“ објавил порака на Твитер, информирајќи ја јавноста дека им е потребна помош. Во кратка порака, тој само го напишал “вооружен напаѓач”, потоа адресата на зградата и конечно”Ве молиме да ни помогнете”.

Засега нема потврдени информации за мотивите за нападот, како и за бројот на настрадани. Полицијата е на самото место и ја евакуирала зградата која се претресува.

Не е епознат идентитетот на убиецот, кој нема документи за идентификација, и не сака да соработува. Тој е на возраст од околу 20 години.

За секоја сигурност, полицијата во Балтимор и Њу Јорк го зголемила обезбедувањето околу најголемите медиумски редакции.

Каква драма се одвивала во редакцијата на весникот опишал новинарот, кој пишува за судски случаи, Фил Дејвис во чија канцеларија влегол убиецот и пукал. Тој на Твитер објавувал што се случувало.