![поплави](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/poplavi-1.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Четворица загинати е билансот на катастрофалните поплави во југоисточна од Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Покрај двете жртви во градот Швабиш Гмуенд во покраината Баден-Виртенберг, од кои еден е пожарникар, полицијата објави дека уште две лица ги загубиле животите. Пожарникарот загинал откако се обидел да му помогне на сограѓанин, кој пропаднал во канализациска шахта.
– Ако судиме човечки двете лица се починати, изјави портпарол на министерството за внатрешни работи во Штудгарт.
Едно 13-годишно девојче во градот Шондорф било прегазено од воз додека се криело од силниот дождот на железнички преминм а во Градот Вајбах, 60-годишен маж загинал на поплавен паркинг.
Покрај човечки жртви поплавите предизвикале и значителна материјална штета. Делови од фабриката за возила на „Ауди“ во градот Некарсулм биле поплавени, поради што е запрено производството, а поплавени се и многу имоти во близина на Нирнберг.
Само во Баден-Виртенберг околу 7.000 луѓе побарале помош, објави Министерството за внатрешни работи, според кое, бројот на повредени е помал од 10 луѓе.
Според Германскиата хидрометеоролошка служба, во делови од Германиај заврнале повеќе од 100 литри дожд на метар квадратен, а невремето се должи на бавното движење на дождовната бура.