Најмалку две лица се убиени а уште две други се ранети во неделата во бомбашки напад врз проватен автобус за вработените на една авганистанска телевизија, соопштија властиет на главниот град Кабул.
Бомбата била прицврстена со магнети на автобусот на телевизијата Kurshid, експлодирала во текот на вечерниот сообраќаен метеж. Досега никој не ја презема одговорноста за нападот во кој загинале возачот и случаен минувач, рекол потрпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Еден од директорите на телевизијата Khurshid, Самиула Амини, потврдил дека се случил напад, како и дека во експлозијата се повредени снимател и телевизиски водител.
Талибаните кои конторлираат во моментов територија поголема од онаа што ка контролираа пред американската инвазија во 2001 година, предупредија во јуни дека нивни цели ќе бидат авганистанските медиумски групации, доколку не престанат да емитуваат антиталибански прилози. Оваа радикална исламистичка групација им даде на авганистанските радио и телевизиски станици, како и на изданијата, рок од една седмица да престанат да емитуваат платени објави против движењето Талибан.
„Не емитуваме антиталибански огласи, но јасно едека слободата на изразувањето е под постојана закана во Авганистан“, рече Амини.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди неделнито напад. „Намерното напаѓање на медиумите и на цивилите е воено злосторство и за тоа ќе се одговара“, напиша на Twitter.
Авганистан минатата 2018 година беше најсмртоносната земја за новинарите, кога биле убиени 13 медиумски работници, според податоците на Комитетот за заштита на новинарите CPJ. Мешународната федерација на новинарите IFJ, пакм, наведува дека минатата година се убиени 16 авганистански новинари.
Присутноста на странските и меѓународните медиуми во Авганистан беше остро намалена по повлекувањето на мнозинстовото од странските трупи во 2014 година. Локалните медиуми ја пополнија оваа информативна празнина, но им стана извонредно тешко да ги извршуваат своите професионални обврски.
Така, бомбаш самоубиец во 2016 година со автомобил-бомба се заби во автобус кој превезуваше вработени во најголемата приватна телевизија Tolo News и уби седум новинари. Талибаните тогаш рекоа дека го убил бидејќи оваа телевизија ширела пропаганда со која се поддржува американската окупација на Авганистан.