Две лица загинаа, а над 10 се повредени откако засега неидентификуван напаѓач вечерва отвори оган на божикниот пазар во Стразбур, велат последните официјални информации.
Но, според локалните медиуми, во инцидентот има најмалку пет жртви.
Полицијата соопшти дека напаѓачот e идентификуван и се трага по него. Напаѓачот бил повреден огнена престрелка со војник.
Францускиот контратеррористички обвинител отвори истрага за случајов.
Француското Министерство за внатрешни работи ги предупреди жителите на градот Стразбур да останат во затворен простор откако полицијата соопшти дека дошло до инцидент со пукање.
„Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите”, порача француското МВР.
Градоначалникот на Стразбур Ролан Рис изјави дека во тек е „сериозен инцидент“, дополнувајќи дека „мислите му се со жртвите“.
Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.