Најмалку две лица загинале во неделата утрото во судар на патнички воз со 139 патници и осум членови на екипажот и товарен воз во американската сојузна држава Јужна Каролина, објави локалната полиција.
Возот сообраќал на линијата меѓу Њујорк и Мајами. Локомотивата и неколку патнички вагони притоа излетале од шините, соопшти операторот со железничката линија компанијата „Amtrak“.
Според канцеларијата на локалниот шериф, во несреќата се повредени повеќе од 50 лица.
На официјалниот микроблог на шерифот на округот Лексингтон на Twitter е објавено за смртта на две лица, а дека околу 70 се повредени и се згрижени во болниците. На местото на несреќата работат спасувачки екипи, а железничкиот сообраќај на оваа делница е ограничен, пренесува телевизиската мрежа NBC News.