Најмалку пет жртви во експлозија во Бурса

Најмалку пет лица загинаа а четири  други се повредени во средата утрото во експлозија во фабрика за бои во областа на градот Гурсу во северозападната турска покраина Бурса.

Како што пренесува електронското издание на дневниот весник Hurriyet, покраинскиот гувернер Изетин Кучук изјавил дека експлозијата се случила во парен котел.

Објектот речиси целосно се распаднал по експлозијата и бројни медицински тимови и екипи за спасување биле испратени во областа. Спасувачките операции, како што се пренесува, уште траат.