Најмалку пет до седум жртви има во земјотрес со магнитуда од 8,1 степени по Рихтер го погоди југот на Мексико ноќта кон петокот, објави американскиот геолошки центар USGS кој предупреди на опасност од цунами.
Три лица загинале во сојузната држава Чијапас, соопшти гувернерот Мануел Веласкез, а уште две лица ги загубиле животите во соседната држава Табаско.
Како што пренесува телевизијата Milenio TV повикувајќи се на гувенерот на југоисточната држава Чијапас, Мануел Веласкез, во неговата држава загинале три лица. Според весникот Universal, во државата Оакаха загинала жена. Весникот Excelsior повикувајќи се на гувернерот на државата Табаско, Артуро Нуњес, соопшти за загинување на две деца. Покрај тоа, весникот Prensa Libre, повикувајќи се на гувернерот на департманот Сан Маркос во Гватемала објави за еден загинат во градот Такана.
Станува збор за најсилниот земјотрес во Мексико од потресот од 1985 година во кој загинаа илјадници луѓе. Локалните власти известија и за појава на мало цунами и оштетувања на некои објекти.
Епицентарот на земјотресот бил на 87 километри југозападно од градот Пиџијијапан на длабочина од 33 километри, според мексиканските сеизмолози. Епицентарот на силниот потрес кој се почувствувал и во главниот град Сидудад де Мехико, на околу 120 километри југозападно од Трес Пикос во сојузната држава Чиапас, според USGS. Според извештаите главниот потрес бил последен со бројни афтершокови со моќност со магнитуди меѓу 4,3 и 5,7.
Жителите на мексиканската престолнина истрчале на улиците во пижами откако градот се затресол околу полноќ по локално време. Некои делови од градот останале без снабдување со електрична енергија. Од потресот се искршиле прозорци на многу повеќекатници.
Хеликоптери го надлетувале Сиудад де Мехико, еден од најнаселените градови на планетата, барајќи оштетувања на зградите во градот, кои е подигнат на сунгересто исцедено езерско корито.
Video of power lines sparking during the #earthquake in Mexico pic.twitter.com/GIdIy4I1kJ
— Kevin (@kevinfigman) September 8, 2017