Најмалку седум мртви во џихадистички напад кој трае во Најроби

Најмалку седум лица се убиени во вторникот во нападот кој се’ уште трае во кениската престолнина Најроби, зад кој стои сомалиската радикална исламистичка група ал-Шабаб во комплесот хотели, ресторани и деловни згради.

Фотографот на агенцијата AFP објави дека видел пет тела на жртви на тераса од ресторан и малку подалеку тело на бомбаш самоубиец кој активирал појас со експлозив.

„Група непознати вооружени напаѓачи го нападнаа комплексот Дусит и се соменваме дека станува збор за терористички напад“, реле главниот инспектор на кениската полиција Жозеф Боане, додавајќи дека набрзо одговорноста ја преземала групацијата ал-Шабаб.

Нападот потсетува на многуте кои ал-Шабаб ги изведува во сомалиската престолнина Могадишу. Имено по детонација на екслозив, било да станува збор за бомбаш самоубиец или за автомобил бомба, група напаѓачи влетуваат во згради и настојуваат да убијат што повеќе луѓе.

Шефот на кениската полиција потврди дека најмалку еден бомбаш самоубиец се разнел од влезот на хотелот „Dusit“. Комплексот DusitD2, во сопственост на групацијата „Dusit Thani“ е сместен во кварт кој е богат со вегетација во кој деловните згради последните години постепено ги заменија семејните куќи со градини.

Боане додаде дека шест од седумте катови на хотелот кој има стотина соби, се под контрола на полицијата. Меѓутоа истакна дека полицијата мора да ги провери и соседните објекти.

Во Кенија и претходно беа изведувани големи смртоносни џихадистички напади. На 7-ми август 1998 година во нападот врз американската амбасада во Најроби, за кој одговорноста ја презема Ал Каеда, загинаа 213 а беа ранети 5.000 луѓе. А ал-Шабаб ја презема одговорноста и за нападот од јули 2015 година во кенискиот град Мандера кога беа убиени 15 а ранети 11 луѓе.

Радикалната исламистичка група Ал Шабаб (Движење на младите муџахедини) одржува тесни врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на која ѝ изрази лојалност во 2012 година, поради што нејзините челници минатата 2016 година беа цел на операции на американските командоси, а во Сомалија е активна од 2006 година. И откако во 2011 година беше потисната од сомалиската престолнина Могадишу, Ал-Шабаб се смета за хетерогена организација којашто обединува голем број фракции, поделени по идеолошка и клановска основа. И покрај тоа, според експертите, таа останува силна групација и претставува сериозна безбедносна закана.