
Во панична турканица во италијански ноќен клуб ноќта во петокот кон саботата, загинаа пет малолетници и една жена. а повредени се повеќе од 100 лица, од кои 12 се во тешка здравствена состојба., пренесува агенцијата Ansa.
Италијанската пожарникарска служба на Twitter објави дека причината за паника најверојатно е прскање на средство за иритација. Осум лица се уапсени во саботата поради сомневање дека прскале со гас-солзавец. Според истрагата, нивната цел била да ги украдат вредните работи од присутните во клубот. Истрагата испитува и дали излезот за итни случаи бил функционален и навреме отворен. Локалот по неодамнешна реконструкција имал три бебедносни излези, а еден од нивдиректно ја поврзува дискотеката со паркингот. Трагедијата се случила кога младите истрачел од подиумот и десетици се натискла да минат преку овој излез но паднале во дупка еден метар под мостот, а другите минувале газејќи во паниката преку нив,
Трагедијата се случи во еден по локално време, во ноќниот клуб ‘Lanterna azzurra’ во гратчето Кориналдо. Околу 1.000 луѓе, повеќето од нив млади, беа во клубот поради настапот на италијанскиот рапер Сфера Ебаста. Во инцидентот, починаа три девојчиња, две момчиња и една возрасна жена, која одлучила да ја придружува нејзината ќерка на концертот на популарниот млад изведувач, наречен „крал на рапот”. Жртвите се родени 2002, 2003, 2004 и 1979 година.
„Танцувавме пред почетокот на концертот, кога почувствувавме остар мирис, Избегавме кон еден од итните излези, но беше блокиран и чуварите ни рекоа да се вратиме“, изјави за медиумите 16-годишен тинејџер во болница во Анкона.
Според сведоштвата на очевидците објавени во италијанските медиуми, толпата се упатила кон низок ѕид, од каде десетици млади луѓе паднале. Оние најдолу биле смачкани. Повредените веднаш биле одведени во најблиската болница во градот Сенигалија, од каде најтешките случаи се испратени во болницата во Анкона.