
Најмалку 28 лица се повредени во реонот на турскиот главен град Анкара, откако расправија меѓу две семејства прераснала во физичка пресметка во која биле користени пушки и ножеви.
Според истиот извор, тројца од повредените се наоѓаат во животна опасност.
Причината за расправијата не е позната, но, според медиумите, најверојатно станува збор спор околу дадена позајмица, пренесува МИА.
Инаку, двете семејства поседувале такси возила, кои делеле иста станица.
Истрагата за случајот продолжува.