Најмногу дожд наврнало во Претор

Во последните 24 часа најмногу дожд наврнало во Претор – 62 литри на метар кубен, следува Крушево со 45, Маврови Анови со 39, Битола со 38, Пожаране со 37, Гевгелија и Тополчани со 34, Охрид 33, Прилеп 29, Лазарополе 28, Тетово 27, Ѓуриште 22, Куманово 20, Дебар 17, Штип 15, Дојран 14, Скопје и Кавадарци 12, Демир Капија, Крива Паланка и Струмица седум, Берово 6 и Виница 5 литри на метар квадратен.

Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а од утре ќе бидат со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани и кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.

Времето денеска ќе биде во интервал од 16 до 22 степени, а во Скопје до 20 степени.

Вечерва се очекува невреме

Вечерва очекувајте невреме. Од УХМР за текот на денешниот ден најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Вечерва очекувајте невреме – пороен дожд во источните делови од земјата.
Се очекува врнежите да бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а до крајот на денот врнежите ќе се преместат кон источните делови и ќе има услови за пороен дожд со ретки грмежи.

Во текот на денешниот ден ќе дува умерен повремено засилен југосточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степени, УВ= 3.