Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Маврово

снег

Минус пет степени се измерени во Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Крива Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Демир Капија, а нула во Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток,  на југоистокот врнежите се  од дожд и снег.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата до околу 2 степена.

УХМР најави дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, и доста изобилни, каде  се очекува да да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог, особено повеќе ќе  бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.