Тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени на цигари. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо. кој поскапува за три денари.
Пакување Бренд веќе од утре ќе се продава за 55 денари, наместо 50 денари. За пет денари поскапуваат и Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2 како и Марлборо, објави Економски.
Од менаџментот на ТК Прилеп велат дека со зголемувањето на акцизата од 0,15 отсто по цигара невозможно е да апсорбираат трошоците кои заедно со останатите давачки се зголемуваат за околу 50 отсто.
Останатите компании не ги откриваат новите цени на цигарите, но посочуваат дека во крајната цена на цигарите данокот и акцизата учествуваат со 75 отсто.
Неофицијално практика на тутунските производители е да се следи ценовната политика на лидерот на пазарот.