Најпознатиот македонски џихадист Зекири осуден на доживотна казна затвор

На четворица џихадисти меѓу кои и најпознатиот македонски џихадист Мухамед Зекири Судот во Анкара им определи казна од речиси 500 години затвор за убиство на три лица во март 2014-тата година, пренесува Анадолија.

Закири, кој по потекло е од Охрид, заедно со двајца соборци, Косоварите Чендрим Рамадани и Бенјамин Ху, враќајќи се од камп за обука во Сирија,се осудени за терористичкиот напад што пред две години како припадници на Исламската држава го изведоа во Анадолија.

Тие се осудени за убиство со умисла и за тоа што се членови на вооружена терористичка организација.

Тие убија три лица:  офицер, полицаец и камионџија. На 20 март 2014 година, на автопат кај градот Нигде, тројцата сега веќе осудени, отворија оган врз полициски пункт за време на рутинска контрола, а потоа грабнаа камион и го убија возачот во обид да и побегнат на полицијата. Во престрелката напаѓачите беа ранети и уапсени. Судот во Нигде на тројцата им одреди вкупна казна затвор од 422 години.

-Сакам да гнијат во ќелија. Ако беа осудени на смртна казна, се ќе траеше пет минути. Ја добија казната што ја заслужуваат. Задоволна сум, изјави Атиџе Козаноглу, мајка на убиениот офицер.

Судењето на македонскиот терорист го следеа низа контроверзи. Од безбедносни причини, обвинетите ниту еднаш не се појавија во судницата, а беа сослушувани преку видео и телеконференциска врска од затворот во Анкара, каде што беа притворени. И денешната пресуда младиот охриѓанец ја слушна преку конференциска врска. За време на рочиштата тројката џихадисти се бранеа со молчење и единствено изјавија дека не сакаат бранител, оти како што рекоа, адвокат им е Алах. Овој напад официјално се смета за прв напад на Исламската држава изведен во Турција. Турските медиуми објавија дека тие од Сирија преку Турција и Бугарија планирале да дојдат во Македонија.