Најсиромашниот претседател го нуди својот дом за бегалци од Сирија

Најсиромашниот екс претседател, Хосе Мухика, кој воедно е најбогат поради својата хуманост ја понуди својата куќа како дом за стотина деца бегалци од Сирија.

Хосе Мухика е поранешен претседател на Уругвај, далеку познат по својата скромност и хуманост. Неговиот мандат заврши во март годинава.

Тој исто така и минатата година понуди сместување за бегалци од Сирија.

Хосе ги отвори вратите од својот дом за да им помогне на најмалите. Без сомнеж во неговиот дом ќе бидат добродојдени бегалци од Сирија раселени поради политичките превирања во земјата.

Децата би можеле да пристигнат во летниот замок на Хозе Мухика уште во текот на овој месец, од бегалските кампови на Блискиот исток. Секое дете ќе патува со најмалку еден чувар.

Сеуште не е прецизиран точниот број на деца бегалци од Сирија кои Мухика ќе ги прими, а сите трошоци ќе ги сноси Владата на Уругвај.

Mujica1

Хосе Пепе Мухика е вистинска ѕвезда. Тој е добро познат по тоа што вози „Буба“, носи сандали и живее на фарма – тој е најсиромашниот екс претседател во светот.

Додека и служел на својата земја живеел во еднособен стан, а деведесет проценти од својата месечна плата ја донира во хуманитарни цели.

Во моментов Германија и Бразил им доделуваат визи на бегалци од Сирија. Сигурно во иднина нивниот пример ќе го следат и други земји, бидејќи овие луѓе немаат дом во својата земја каде да се вратат.