ВИДЕО: Најскапиот градник на Викторија сикрет годинава

Кој е најскапиот градник на Викторија сикрет годинава? За осум дена најубавите жени во светот ќе зачекорат на пистата на годишната ревија на Викторија сикрет.

Како најважен дел  од ревијата секогаш се смета промоцијата на градникот „Фантазија“ дизајниран специјално за шоуто и кој е изработен од скапоцени камења.
najskap-gradnik-1

Честа да го носи овој градник годинава и припадна на Лили Олдриџ. Новиот дизајн е промовиран во новото видео на кое се гледа манекенката како танцува во новиот модел.

Градникот кој има и соодветен ремен е насловен „Огномет“ и се проценува дека вреди 2 милиони долари. Изработен е од околу 6.500 скапоцени камења: дијаманти, син топаз, сафири и кварз, кои се нанижани на 18 – каратно злато.

Најскапиот градник досега е оној што го носеше Жизел а кој се проценува дека вреди 15 милиони долари.

Годишната ревија на Викторија сикрет се одржува следната недела во Њујорк.