Богојавление – Водици во Битола се празнува во сите храмови на пелагониско-преспанската епархија, а Кирил Тодоровски е најсреќниот на Водици во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола.
Кирил Тодоровски од Битола денеска на празникот Водици во базенот на храмот на Пресвета Богородица го извлече светиот крст. Тодоровски доби пригодни подароци од храмот Пресвета Богородица и преспанско – пелагониската епархија.