Најстудено и најзагадено утрово во Скопје

загадено

Времето е ведро, претежно тивко и студено. По одделни котлини има слаба магла. Сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла.  До недела дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово регистрираа високи концентрации на ПМ10 четичките во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кочани, Кавадарци и Куманово.

Во Скојпе најзагадено е во Лисиче со 357,58 микрограми на метар кубен, Ректорат со 302,93, Центар 302,41, Карпош 277,62 и во Гази Баба 186,79 микрограми.

Загадено е во Куманово со 290,84 микрограми на метар кубен, во Битола со 209,47, во Кавадарци со 208,67 микрограми, Тетово 190,62, Кичево 96,71 и Велес 67,32 микрограми на метар кубен.