Најтргувани акциите на НЛБ

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 1.05. до 31.05.2019 година, вкупниот промет изнесувал 1.105.508.170 денари. Во билтенот на берзата стои дека класичното тргување во мај изнесува 430.773.410 денари и е зголемено во однос на април за 21,94 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 418.556.889 денари и обврзници во вредност од 12.216.521 денари.Блок трансакциите во мај изнесувале 99.449.850 денари и се намалени за 5,80 отсто во однос на април.
Бројот на трансакции во мај изнесувал 2.073.
Најтргувани акции на официјалниот пазар во петтиот месец од годинава беа на НЛБ Банка АД Скопје, по нив следат „Макпетрол“ АД Скопје, и „Алкалоид“ АД Скопје чии акции го заземаат третото место.