Ова се најубаво облечените дами на доделувањето на ЕМИ наградите. Лејди Гага ги воодушеви сите со најгламурозноо издание досега, Софија Вергара како и секогаш успеа да измами воздишки, а најдобрите оцени од модните критичари ги доби младата ТВ ѕвезда Киернан Шипка која се прослави со улогата во серијата „Mad Men“.
Годинешното доделување на ЕМИ наградите не остави толку гламурозен впечаток како претходните и според голем број критичари годинава кога станува збор за модата имаше големо потфрлување.
Лејди Гага беше една од најелегантните дами на црвениот килим. Гага изгледаше прекрасно во асиметричен фустан што никој не го очекуваше. Косата и беше стилизирана во стилот на Мерлин Монро, а целосно изгледот беше надополнет со дијамантски обетки.
Подеднакво убава беше и Меги Гиленхал. Шармантната бринета на доделувањето на наградите испорача вистински стајлинг наменет за црвениот килим во раскошниот балски фустан на Оскар де ла Рента, кој беше надополнет со висечки обетки на модната куќа Фред Лајтон.
Во продолжение погледнете ги фотографиите, кои дами се најдоа на листата на најубаво облечените на доделувањето на ЕМИ наградите.