Овој колач е дефинитивно еден од највкусните и задолжително мора да го пробате.
За овој сладок десерт ви требаат 4 јајца, 4 лажици мелени ореви, 4 лажици чоколадо во прав, 4 лажици брашно, ½ пакетче прашак за пециво.
За кремот ви се потребни 6 жолчки, 500 грама шеќер во прав, 350 грама маргарин, 300 грама нутела, 16 лажици ореви, 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Останато: 50 грама чооладо за готвење и 3 лажици масло за јадење.
Начин на подготовка:
1. Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, чоколадата во прав, оревите, брашното и прашокот за пециво. Тестото поделте го на 3 дела и еден по еден поставете ги во плех поросен со брашно и печете на 200 степени 25-30 минути.
2. Жолчките изматете ги на пареа заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го маргаринот, нутелата, оревите и поделете ја смесата на 3 дела.
3. Поставувањето оди по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора-кремот да биде најгоре. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и внимателно премачкајте го кремот од горе. Ставете ја тортата во фрижидер неклоку часа пред сервирање.