Меѓународната конфедерација на синдикати ( ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC ) упатиле остар протест против мешањето на техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски во внатрешните работи на Сојузот на синдикати на Македонија и обидот за незаконската смена на легално избраниот претседател на ССМ и раководството.
На тој начин техничката министерка продолжува да ја брука државата и министерството за труд и социјална политика пред меѓународните организации и институции преку овој досега невиден скандал, со злоупотребата на службена положба и обидот со незаконски дејствија да се направи упад во најголемиот синдикат во Република Македонија.
Целокупната меѓународна синдикална јавност се покрена и застана во одбрана на Сојузот на синдикати на Македонија и нивниот претседател, Живко Митревски откако техничката министерка за труд и социјална политика и четворица претседатели на гранкови синдикати заговораа насилна и нелегална смена на раководството.
Секојдневно стигаат писмени осуди и протести до техничката министерка, а вчера порталот „Денешен“ објави дека Регионалниот синдикален совет „Солидарност” кој ги обединува репрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија упатил протест до Ременски за рушење на автономијата на ССМ.
Од наши извори дознаваме дека за случувањата во ССМ реагирала и најголемата синдикална организација во светот Меѓународна конфедерација на синдикатите (ITUC) во членуваат повеќе од 301 организации- членки во 151 земја, со вкупно членство од повеќе од 176 милиони работници. Кон овој протест се приклучила и Европска конфедерација на синдикати (ETUC) која е составена од 88 национални синдикални федерации во 37 земји,
Во дописот на овие две еминентни организации се наведува дека техничката министерка за труд и социјална политика потготвувала смени во Сојузот на синдикати на Македонија односно на претседателот Живко Митревски кој е избран пред само неколку месеци на волја на делегатите на Сојузот во склад со демократските правила и според Статутот. Покрај другото, во дописот е наведено дека одлуката на Ременски да постапува според фалсификувана документација е чин на непрофесионализам и нeодговорност кој треба да се осуди. Се наведува дека лицата кои учествувале во смената треба да сносат одговорност за прекршување на домашни и меѓународни закони така што двете организации бараат Јавниот обвинител да ги превземе сите мерки за утврдување на инволвираните во овој скандал и да бидат изнесени пред судските органи за нивно санкционирање според Закон.
Јавноста веќе неколку дена ја бранува веста дека Фросина Ременски и четворица претседатели на гранкови синдикати блиски до СДСМ во заговор потготувале смени во ССМ со непочитување на Статутот и процедурите кои произлегуваат од него и фалсификување на документација. Врз база на фалсификувана исправа Ременски експресно донела решение за која се предвидува смена на Живко Митревски без претходно да ја исконтролира поднесената документација.
Порталот „Денешен3 повикувајќи се на свои извори извести дека во Јавното обвинителство кривичните пријавивеќе се разгледуваат но и сепревземени првите мерки. Предметот е земен од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените кои се направени во незаконска и легитимна процедура. Започнати биле други дејствија
Во овој случај направени се повеќе кривични дека како: кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 од Кривичниот законик.
За сторените кривични дела може да следи казна затвор и до 13 години.