Од најрана возраст се втемелува мислата и навиката кај децата дека појадокот е најзначајниот оброк во денот. Секое верување има свои причини и најчесто истите се вкоренети во многубројни искуства. Убедувањето дека појадокот е најзначаен оброк е толку големо што секој ден се повторува насекаде низ светот. Многубројни истражувања го оправдуваат ова убедување и постојат многу причини зошто појадокот е толку значаен.
Динамичниот и модерен начин на живеење често резултира со пропуштање на појадокот. Станување рано наутро не дозволува доволно време за подготовка. Брзањето поради метежот во сообраќајот, поради незавршените обврски, поради фаќањето на автобус, поради почнувањето на предавањата и многу други оправдувања се водилка за луѓето кои секојдневно со леснотија одлучуваат да го избегнат најважниот оброк во денот.
Повеќето се сигурни дека ќе обезбедат доволно храна за организмот за време на ручекот или вечерата и најчесто во тие моменти јадат или премногу или премалку. Појадокот не е за потценување и не треба да се жртвува времето потребно за подготовка затоа што појадокот носи безброј бенефиции.
Виталиа е свесна за состојбата на модерното живеење и затоа нуди производи кои ги задоволуваат вкусовите и го олеснуваат начинот на живот на сите. Македонскиот лидер во производство на здрава храна нуди бројни производи кои можат да бидат дел од вашиот брз и здрав појадок. Огормен избор на мусли со различни здрави додатоци за сечиј вкус, меѓу кои се и добро познатите Take Away мусли.
Практичен производ кој се приготвува само со додавање на млеко или вода, па така дури и најзафатените немаат веќе изговор за прескокнување на здравиот појадок. За здрави насмевки на најмалите, Виталиа создаде детски Crunchy Muesli со вкус на јагода и карамел без додаден шеќер. Брз и лесен појадок во кои децата сигурно ке уживаат.
Виталиа нуди и житни барови кои имаат високо нутритивни состојки кои му даваат енергија на организмот. Едни од најпопуларните и најздравите мини житни плочки без додаден шеќер се Biters2Go житните плочки кои се одличен избор за брза и здрава ужинка помеѓу оброците. Наместо чоколадо, посегнете по оваа слатка закуска заследена со природниот засладувач стевиа.
Целта на појадокот е да го активира метаболизмот рано наутро. Со ручекот може да се внесе доволно енергија во телото за пропуштениот појадок, но до тогаш организмот е автоматизиран да ги зачува хранливите состојки како додатни масти за да ги искористи до следниот оброк. Без храна наутро метаболизмот не е активиран и при секој оброк се таложат масти во телото кои не се согоруваат ефективно во текот на денот. Ваквиот начин на живот може многу брзо да придонесе кон непосакувана дебелина и со секоја активност за намалување на истата, без појадок, да д оведе до проблеми на организмот.
Покрај тоа што го забрзува метаболизмот и го ублажува гладот постојат многу докази кои покажуваат дека појадокот е значаен и за ефикасноста на започнатиот ден. Според различни истражувања очигледно е дека лицата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати во учењето и се поефикасни на работа.
На некој начин појадокот влијае врз работата на умот иако не е воочена корелација помеѓу нив. Луѓето кои не појадуваат редовно имаат и недостатоци од витамини и калциум поради тоа што често посегнуваат по нездрава ужина или брза храна за да го исполнат неконтролираниот глад. Голем предизвик претставува и количината на храна која се консумира за време на појадокот.
Често кога се појадува има тенденции да се јаде поголемо количество на храна. Трикот е во одржување на стабилен прием на калории. Најдобриот баланс е да се примаат 500 калории со појадокот. Муслите на Виталиа ги имаат сите потребни состојки за оброк кој му дава доволно енергија на организмот за да се преброди денот. Тие се посебно креирани со доволно нутритивни состојки со цел секој да може да го одржи здравото тело.
Имајќи го во предвид значењето на појадокот и штетното влијание на рафинираниот шеќер врз организмот Виталиа почна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер. Воедно, започна со намалување на количеството на додаден шеќер во целиот свој асортиман.
Со својата кампања „Помалку шеќер за повеќе здравје“ Виталиа цели на информирање на целата јавност за влијанието на шеќерот врз здравјето на луѓето, и ги поттикнува граѓаните да го читаат нивото на шеќер во производите пред да направат одлука. Палетата на Виталиа е многу широка и нуди производи за сите категории потрошувачи како децата, адолесцентите, возразсните, спортистите, вегетаријанците, дијабетичарите, поборниците за палео и хроно исхрана, диталците и сите оние посветени на здрав живот.
Виталиа сака да ги поттикне сите произведувачи да го намалат додадениот шеќер во своите производи.
Повеќе информации за кампањата „Помалку шеќер за повеќе здравје“ на Виталиа може да се најдат на официјалната фејсбук страна:
https://www.facebook.com/VitaliaHealthyfood/?fref=ts
и официјалната веб страна: http://www.vitalia.com.mk/