Накитот на посвоената ќерка на францускиот војсководец и император Наполеон е продаден во средата на наддавање во Женева за 1,5 милиони швајцарски франци или 1,4 милиони евра, со што значителни ги надминал процените на аукциската куќа Christie’s.
Накитот бил чуван во исто семејство откако Стефани де Богарне, позвоената ќерка на Наполеон го добила како свадбен податок во дворецот Тилери во 1806 година.
На наддавањето бил понуден по повод одбележувањето на 200-годишнината од смртта на Наполеон.
Деветте парчиња накит: дијадема, ѓердан, обетки, два привезока и брошеви, како и прстен и нараквица, се украсени со сафири и дијаманти.
Дијадемата, продадена за двојно повисока цена од првично огласената, е украсена со 38 сафори од Цејлон, денешна Шри Ланка, изработена е на почетокот од 1800-те години.
Меѓу историските парчиња накит во средата е понудена и круната на португалската кралица Марија Втора, од XIX век, со голем сафир од Бурма (денешен Мјанмар) која е продаден за 1,61 милион евра.