Налепница со српското знаме се појави во амбасадата на Косово во Загреб

На таблата со натпис на Амбасадата на Република Косово на плоштадот „Крал Томислав“ во Загреб, непознат сторител ноќта кон петокот залепил налепница со српското знаме над грбот на Косово, која претставничката на националните малцинства, Ермина Лекај Прљаскај, ја осуди како обид за создавање немири.

Случајот е пријавен во полиција и во хрватското Министерството за надворешни работи, изјави Лекај Прљаскај за агенцијата Hina и додаде дека е побарана полициска заштита.

Таа извести и дека реагирала полицијата, како и Министерството за надворешни работи, и изрази надеж дека на снимките ќе се откријат сторителите.

Лекај Прљаскај оцени дека ова е провокација и дека создава паника поради неодамнешните настани на поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија којашто во 2008 година со поддршка на ткн колективен Запад еднострасно прогласи независност која Белград не ја признава, кога по судирот меѓу група вооружени косовски Срби и косовската полиција загинаа косовски полицаец и четворица српски мажи.

„Се надевам дека Србите кои живеат во Хрватска ќе се оградат од овој чин“, рече Лекај Прљаскај, кој смета дека овој инцидент се обидува да создаде немир во целиот регион.