Налепниците „NMK“ лесно се оштетуваат, МВР препорачува замена

Секој возач кој сака да добие нова налепница „NМК“ , треба да оди во станица за технички преглед со своето возило, каде еден од вработените ќе му ја залепи. Важно е тоа да биде согласно процедурата, бидејќи се води евиденција за издадените налепници, информира МВР.

Налепниците со кодот „NМК“ кои се лепат на регистарските таблички, може да бидат заменети доколку возачите забележат оштетувања – информираа МВР, откако граѓани се пожалиле дека налепниците лесно се одлепуваат или се оштетуваат, дотолку што може и да не се гледа кодот.

Од МВР информираат дека секој граѓанин чија налепница е оштетена, може да добие нова во станиците за технички преглед. И во тој случај, налепниците ќе бидат целосно бесплатни.

Секој возач кој сака да добие нова налепница „NМК“ , треба да оди во станица за технички преглед со своето возило, каде еден од вработените ќе му ја залепи. Важно е тоа да биде согласно процедурата, бидејќи се води евиденција за издадените налепници, информираат од МВР.