Во ноември лани се издадени 354 одобренија за градење, што е за 12.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 935 801 илјада денари, што е за 6.7 % помалку во споредба со ноември 2021 година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 156 (44.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (33.6 %) за објекти од нискоградба и 79 (22.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 354 објекти, на 176 (49.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (50.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 53 383 м2.